еМагазин
Image default
Бизнис

Поради замрзнатите цени, Пекабеско со намалена добивка во првите шест месеци

Пекабеско АД за периодот јануари-јуни 2022 оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ од 43,2 милиони денари и е понизок за 21% од 2021 година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Главните причини за послабиот резултат се: состојба на замрзнати продажни цени со одлука на Влада за период од 01.12.2021 до 28.02.2022 година, состојба на замрзнати маржи на определени производи од 09.03.2022 па се до 30.09.2022, пораст на трошоците за енергија за 200% во однос на минатата година, како и раст на сите влезни цени за набавка на суровини и репроматеријали, појава на Африканска чума и неможност да извезуваме на некои наши пазари во јануари и февруари

Остварените вкупни приходи од работењето во периодот јануари-јуни 2022 година изнесуваат 2.500 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат зголемување од 15%.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,7%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2021 година бележат зголемување од 16%.

Остварените вкупни расходи во периодот јануари-јуни 2022 година изнесуваат 2.452 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат зголемување од 17%“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкава плата лани имал Слободан Кутревски: Пекабеско ги објави платите на менаџментот

Поради замрзнатите цени и зголемените трошоци за струја, Пекабеско во првите три месеци од годинава со намалена добивка

Фото: Пекабеско

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Делукс-ауто“ го доби тендерот на Државниот просветен инспекторат за набавка на два автомобили вреден 24.000 евра

Редакција

Македонија ќе се задолжи со 500 милиони евра кај Унгарската експорт-импорт банка, Собранието го изгласа Законот

Редакција

Вангел Валчев Спиров избран за член на НО на Централна кооперативна банка

Редакција