еМагазин
Image default
Бизнис

Поради замрзнатите цени и зголемените трошоци за струја, Пекабеско во првите три месеци од годинава со намалена добивка

Пекабеско АД за периодот јануари-март 2022 оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ од 15,2 милиони денари и е понизок за 35% од 2021 година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Главните причини за послабиот резултат се: состојбата на замрзнати продажни цени со одлука на Влада за период од 01.12.2021 до 28.02.2022 година, порастот на трошоците за енергија за 200% во однос на минатата година, како и раст на сите влезни цени за набавка на суровини и репроматеријали и појавата на Африканска чума и неможност да извезуваме на некои наши пазари во јануари и февруари“, велат од компанијата.

Остварените вкупни приходи од работењето во периодот јануари-март 2022 година изнесуваат 1.157 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат зголемување од 16%.

“Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,5%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2021 година бележат зголемување од 15%.

Остварените вкупни расходи во периодот јануари-март 2022 година изнесуваат 1.140 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат зголемување од 17%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-март 2022 година изнесуваат 3,5 милиони денари, а во истиот период минатата година изнесувале 1,4 милиони денари. Инвестициите се главно во производствена и транспортна опрема.

Бројот на вработени во Пекабеско за периодот јануари-март 2022 изнесуваше 473 вработени, повеќе за 18 од минатата година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пекабеско лани со намалена добивка

Пекабеско со раст на добивката за 4%

Фото: Пекабеско

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепска пиварница ќе дели дивиденда од 500 денари бруто по акција

Редакција

Сектори со највисоки просечни нето плати во октомври

Редакција

Ковид-19 ја намали добивката на „Макпетрол“ и подружниците за 3,5 пати

Редакција