еМагазин
Image default
Бизнис

Пекабеско лани со намалена добивка

Пекабеско АД Скопје за периодот јануари-декември 2021 оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ од 80,8 милиони денари и истиот е понизок за 24,8% во споредба со претходната година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Главна причина се зголемените оперативни трошоци.

Остварените вкупни приходи од работењето во периодот јануари-декември 2021 година изнесуваат 4.851 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат зголемување од 4,6%.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,6%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2020 година бележат зголемување од 4,8%.

Приходите од извоз изнесуваат 639 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 се зголемени за 5%.

Остварените вкупни расходи во периодот јануари-декември 2021 година изнесуваат 4.752 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат зголемување од 5,1%“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пекабеско со раст на добивката за 4%

Пекабеско во првите шест месеци инвестирал 11,2 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок-трансакција продадени акции од Комерцијална банка за 35.000 евра

Редакција

„Корона“ кризата „удри„ врз винарската индустрија: Попова Кула во минус

Редакција

Народна банка: Граѓаните се повеќе користат платежни картички за плаќање

Редакција