еМагазин
Image default
Бизнис

„Корона“ кризата „удри„ врз винарската индустрија: Попова Кула во минус

Винарска Визба Попова Кула АД Демир Капија во првата половина од годината е во загуба во износ од 1.440 илјади денари, соопштија од таму преку Македонската берза.

„Друштвото споредено со истиот период минатата година е погодено многу во своето работење од новонастанатата здравствена состојба во земјава и светот со вирусот COVID19.

Согласно оваа ситуација и уредбите на Владата ресторанот и хотелот во ВВ Попова Кула АД беа затворени целосно за работа, а последниов месец се рестартираа со намален капацитет согласно здравствените препораки.

Исто така изгубени се и странските туристи кои почнувајќи од месец мај беа значаен фактор при исполнување на нашите хотелски капацитети„, велат од Попова кула.

Во периодот од 01/01/2020 до 30/06/2020 година Друштвото има остварено вкупни оперативни приходи во износ од 5.075 илјади денари.

„Споредено со истиот период лани овие приходи се намалени за 16.408 илјади денари или за 76%. Ова намалување во најголем дел се должи на неработењето на хотелот и ресторанот поради COVID19 вирусот“, велат од таму.

Во поглед на анализа на расходите исто големо е влијанието на состојбата со COVID19 вирусот, велат од Попова кула.

“Оперативните расходи од истите причини кои влијаеа и на намалувањето на приходите. Оперативните расходи се намалени за 10.206 илјади денари или за 61% споредбено со истиот период лани.

Во однос на финансиските приходи и расходи да напоменеме дека Друштвото има долгорочен кредит во Шпаркасе Банка АД Скопје за којшто потпиша анекс на договор со кој датумот за доспевање на првата рата и на крајниот датум на доспевање се пролонгираат за една година и истиот е 28/07/2021 година.

Исто така, земен е кредит во иснос од 1.392.000 денари од Развојна Банка на Република Севрна Македонија во рамки на програмата за помош од линијата КОВИД2.

Со надеж за нормализирање на состојбата и заштита на здравјето на сите во престојниот период ВВ Попова Кула АД очекува тешки денови пред себе.

Иднината делува неизвесна, доколку се соочиме со континуирање на оваа состојба за нас летната сезона што досега ни претставуваше генератор на позитивни парични текови е речиси загубена.

Доколку на есен нè очекува влошуање на состојбата кај нас и во светот за нас би значело борба за опстанок. Намалени се побарувањата и кај винскиот пазар како домашен така и странски“, велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се е акционер во Попова кула

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од понеделник цената на бензините ќе се утврдува по нова методологија

Редакција

Живко Мукаетов и Роберт Стевановски нови членови на Одборот на директори на Македонија 2025

Редакција

ИРЛ: МПЦ влегува во бизнисот со струја

Редакција