еМагазин
Image default
Бизнис

РЖ Услуги поради „корона„ кризата со загуба во првото полугодие

Согласно изготвените финансиски извештаи РЖ Услуги АД Скопје за периодот јануари – јуни 2020 година искажа загуба во своето севкупно работење во износ од 2.666 илјади денари, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Остварените вкупни приходи изнесуваат 83.409 илјади денари, што во споредба со остварените приходи за истиот период во 2019 година 97.538 илјади денари бележат намалување од 14,85%.

Во структурата на вкупните остварени приходи најголемо учество од 100% се приходите остварени од продажба на стоки и услуги од 82.104 илјади денари и кај истите е забележано намалување од 15,83% во однос на остварените во 2019 година во износ од 97.538 илјади денари.

Во структурата на оперативните приходи со 75,3% учествуваат технолошките води и тие се намалени во однос на истиот период од 2019 година, а најголем пад бележи продажбата на ТНГ.

Остварените вкупни расходи изнесуваат 86.075 илјади денари и во споредба со расходите од истиот период во 2019 година се намалени за 12,76%.

Кај оперативните расходи (82.655 илјади денари) поврзани со реализација на основните дејности и продажба на стоки и услуги намалени се трошоците во овој период за 15,09% во споредба со 2019 година (97.333 илјади денари).

Оперативната загуба изнесува 551 илјади денари. Намалувањето на оперативната добивка е од намалени приходи како резултат на моменталната криза предизвикана од коронавирусот COVID-19.

Вкупните инвестиции во постројки, опрема, инвентар во овој период изнесуваат 2.692 илјади денари.

Во однос на кредитните задолжувања, има промени од последните ревидирани финансиски извештаи за 2018 година, обврските по кредити се зголемија на 61.063 илјади денари како последица на Налог за извршување И.бр.996/2019 заснован на извршна исправа ОДУ бр.420/13, која е врз основа на Договор за утврдување на рамковен револвинг кредит-лимит бр.02-1610-36997 од 2008 година и Договор 08-410-39161 од 2008 година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„РЖ Услуги“ оствари загуба од 5,7 милиони денари за три месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку изнесува највисоката просечна бруто-плата во јули

Редакција

Извозот во првите шест месеци со пораст од 26,5 проценти

Редакција

Бруто надворешниот долг на Македонија достигна 8,4 милијарди евра

Редакција