еМагазин
Image default
Бизнис

Ковид-19 ја намали добивката на „Макпетрол“ и подружниците за 3,5 пати

Во периодот јануари-јуни, годинава „Макпетрол“ АД – Скопје и подружниците остварија вкупен приход во износ од 8,04 милијарда денари, кој е помал од минатогодишниот за 2,41 милијарди денари, односно остварен е пад од 23,05%, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Во структурата на приходите, најголем удел со 98,91% имаат приходите од продажба, од коишто 97,53% од приходите се остваруварени со продажба на домашниот пазар. Во истиот период, остварени се вкупни расходи во висина од 7,96 милијарда денари што претставува намалување во однос на минатата година за 2,22 милијарди денари односно за 21,82%.

„На крајот на овој период, друштвото и подружниците остварија позитивни финансиски резултати искажани преку добивка пред оданочување во износ од 75,94 милиони денари која е помала за 70,87%, односно помала за 3,5 пати од остварената добивка минатата година кога изнесуваше 260,76 милиони денари

Основна причина за намалување на остварените приходи и добивката е намалување на прометот на стоки и услуги со почнување на епидемијата, односно пандемијата предизвикана од заразата со вирусот Ковид–19.

Истакнуваме дека најнегативно влијание на воведените мерки се искажа кај прометот, односно извозот на млазното гориво кое што, со мерката за затворање на аеродромите, од 12.210 тони во првото полугодие од 2019 година се намали на 4.903 тони во првото полугодие од 2020 година.

Со тоа и приходите од продажба на странски пазар се намалени од 561,1 милион денари во 2019 година на 196,1 милион денари во 2020 година од извештајниот период.

Можеме да заклучиме дека друштвата, со големиот ангажман на менаџментот, како и на сите вработени, обезбедија услови за рентабилно работење“, соопшти компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Макпетрол“ го доби тендерот на ЈСП Скопје за набавка на природен гас вреден 460.000 евра

„Макпетрол“ и Андреја Јосифовски ќе се „офајдат“ од дивидендата од „Оилко“

„Макпетрол“ го доби тендерот на „Водостопанство“ за набавка на горива вреден 311.000 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фабрика Карпош со добивка во првите девет месеци

Редакција

Константинос Николау нов в.д. директор на Цементарница УСЈЕ

Редакција

РЖ „Економика“ во загуба од 1,7 милиони денари

Редакција