еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Оштетени возила на Македонци во Калитеа и Афитос во Грција

Членка на Фејсбук-групата „Life from Greece“ сподели информација дека вчера во грчките туристички места Калитеа и Афитос се искрешни стаклата на околу 20 возила на македонски државјани.

„Ова е срамен чин на најобични будали, врз основа на кој цел еден народ ќе биде окарактеризиран како таков“, напиша таа, споделувајќи фотографии.

Таа информира и дека дел од сопствениците на возилата за инцидентот пријавиле во полиција и дека возилата се оштетени на неколку локации.

Од македонските власти засега нема официјална информација за овој инцидент.

Македонски возила во Грција се оштетуваат со години, а никој не одговарал за тоа.

Фото: Влада/„Life from Greece“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ревакцинирани вкупно 766.521, трета доза примиле 2.365 граѓани

Редакција

(ВИДЕО) Најави за нови блокади: Комитите ќе играат фудбал на скопски раскрсници

Редакција

Арсовска не е повеќе претседател на ЗЕЛС, на нејзино место e избран градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски

Редакција