еМагазин
Image default
Македонија

Поранешен началник на крим-полицијата во СВР Охрид сведочеше на судењето за „Титаник”

Жителка на Охрид и поранешен началник на крим-полицијата во СВР Охрид, денеска беа сослушани како сведоци во случајот „Титаник”.

Сведокот Мирјана Трајкова изјави дека локалните избори во 2013 година биле критични и дека во пресрет на нивното одржување се апселе активисти на СДСМ.

Трајкова, која во тоа време била сопственик на златара, пред Кривичниот совет за случајот „Титаник”, објасни дека од страна на Ацо Велјановски, тогашен началник на крим-полицијата во СВР Охрид, била повикана да ја каже локацијата на нејзиниот братучед и пријател.

– На Аце му кажав друга локација, а на братучедот и пријателот им кажав да се сокријат, истакна сведокот Трајкова, кој наведе дека во тој период во нејзината златара имало чести инспекциски контроли.

Свој исказ во Кривичниот суд Скопје, даде и Ацо Велјановски, кој наведе дека познава повеќе лица од Охрид, меѓу кој и Мирјана Трајкова. Во однос на тоа дали знаел дека на денот на изборите или пред тоа во Охрид биле ангажирани други единици од МВР, тој посочи дека за тоа разбрал кога една вечер било уапсено едно лице.

– Јас бев известен од дежурниот оперативен центар дека едно лице е приведено за напад на службено лице и ние како единица се приклучивме. По насока на јавен обвинител поднесовме кривична пријава за приведеното лице, изјави поранешниот началник на крим-полиција во СВР Охрид, Ацо Велјановски.

Судењето за овој случај е уште во фаза на доказна постапка. Кривичниот совет го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, во „Титаник“ се обвинети и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што е „ransomware“

Редакција

Триесет фалсификувани ПЦР тестови пронајдени во автобус на граничниот премин Деве Баир

Редакција

Обвинителството отвори предистрага за Рашковски

Редакција