еМагазин
Image default
Македонија

Поранешните професионални војници ќе ги обезбедуваат болниците

Поранешните професионални војници кои се уште работат во Министерството за одбрана ќе бидат вклучени за директно обезбедување во редарската служба во болниците, информираше министерката за одбрана Радмила Шекеринска од Армискиот полигон „Криволак“.

„Денека разговаравме дека директното обезбедување за редарската служба најверојатно ќе го реализираме со еден дел од поранешните професионални војници кои се уште работат во Министерството за одбрана и тие ќе бидат првата линија на поддршка.

Тие нема да бидат ниту униформирани, ниту вооружени, но ќе обезбедат ред и информации за граѓаните“, соопшти Шекеринска.

Министерката информираше и дека дополнително на денешната седница на Главниот штаб се согласиле дека одреден број на санитетски возила со возачи од страна на Армијата да бидат отстапени за некои болници и на клиниките во Скопје.

„Согласно одлуката на претседателот, Армијата има различни и задачи, да обезбедуваа медицинска поддршка со медицински сили. ВБЦ отстапува еден дел од својот состав и персонал за земање брисови, за епидемиолишки анализи, во поддршка на други институции за транспорт“, истакна Шекеринска.

МИА/Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев контра неговиот советник: „Бомбите“ се автентични и му се предадени на Верушевски

Редакција

Вакцините преку КОВАКС системот ќе стигнат за неколку недели

Редакција

За една недела попишани 32.752 лица од дијаспората

Редакција