еМагазин
Image default
Локално

Посебен сообраќаен режим на „Илинденска“ во наредните два дена: Ќе се снима филм

На 11 и 12.09.2019 (среда и четврток) во времето од 21.00 до 06.00 часот, на булеварот „Илинден“ во близина на Градскиот парк, во организација на ДФПУ„Вертиго вижуал“ ќе снима филм, соопшти МВР.

„Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници“, информира МВР.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

58-годишник допирал малолетник во парк, со кого претходно се познавале

Редакција

Работник од Прилеп почина од повреди здобиени на работно место

Редакција

(Фото) Крадец влегол маскиран со чаршав во кафе-бар во Јанчиште, бил снимен од камера за видео-надзор

Редакција