еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Крадец влегол маскиран со чаршав во кафе-бар во Јанчиште, бил снимен од камера за видео-надзор

Тетовската полиција успеала да открие осомничен на кражба во локал во Јанчиште, откако бил снимен од камерата за видео надзор. Кражбата се случила ноќта меѓу петокот и саботата, а осомничениот во локалот влегол маскиран со чаршав.

– На 9 јануари во 8 часот, Д.С (30) од Јанчиште пријавил дека во објект кафе-бар каде имало поставено и апарати за игри на среќа ноќта во период од 1:30 до 7:20 часот непознато лице извршило кражба во објектот.

Прво отворил влезна врата, а потоа отворил еден од автоматите за игри на среќа. Од паричник поставен во апаратот одзел 67.140 денари, дел во евра и дел во денари, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Нешто подоцна околу 13 часот поради сомнение дека е извршител на кражбата приведен 45-годишно лице од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МИА/Фото: СВР Тетово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР притвори опасен измамник: „Купил“ 17 возила, никогаш не ги дал парите

Редакција

Давеник изваден од водите на Охридско Езеро

Редакција

Градот се подготвува за Нова година: Скопје ќе добие новогодишна населба Винтерленд

Редакција