еМагазин
Image default
Локално

Градот се подготвува за Нова година: Скопје ќе добие новогодишна населба Винтерленд

Новогодишна населба на плоштадот „Македонија“ со украсени куќички, вештачки снег, катчиња за игра и смеа и секојдневна програма што ќе биде интересна за граѓаните, ова е само дел од предновогодишната програма што ја подготвува Градот Скопје во пресрет на новогодишните и божикните празници.

– Во текот на декември, на плоштадот „Македонија“ за првпат ќе осамне новогодишна населба, нешто што во Скопје досега го немало. Нашиот план е населбата со име Винтерленд (Зимска земја) за граѓаните да се отвори на 7 декември. Во неа ќе има куќички украсени во новогодишен амбиент и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. Ќе има и топ за создавање вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика. Во селото ќе има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер. На средината ќе се постави голема новогодишна елка, а просторот околу елката ќе биде организиран како дел за храна и пијалаци, каде што граѓаните ќе може да седнат и да уживаат во понудата на околните куќички – рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Тој најави дека китењето на градските улици и булевари ќе почне наредната недела.

– Очекувам во Скопје да се создаде вистинска предновогодишна атмосфера. Конечно е време на скопјани да им понудиме европска новогодишна прослава, нешто што досега во градот не се случувало. Затоа, ги поканувам граѓаните да ја посетат новогодишната населба и со своите најблиски да уживаат во празничниот амбиент – додаде Шилегов.

Комплетната програма за новогодишната прослава, која ќе почне на 15 декември, како и за прославата на Новогодишната ноќ на 31 декември, Градот Скопје ќе ја соопшти дополнително.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со прострелна рана од огнено оружје во кругот на велешката болница најден мртов маж

Редакција

Трагедија: Починал откако со трактор паднал во провалија

Редакција

Кичевец застрелан при грабеж на улица: Го нападнале и му одзеле поголема сума девизи и денари

Редакција