Од полноќ за половина денар поскапуваат „Еуросупер БС-98“ и екстра-лесното масло за домаќинство. Цената на „Еуросупер БС-95“ и на дизелот останува непроменета.
Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на „Еуросупер БС-98“ ќе биде 83 денари, а на екстра-лесното масло за домаќинство 68 денари за литар.
Цената на „Еуросупер БС-95“ останува 80,5 денари за литар и на дизелот 69 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,742 ден/кг и сега ќе изнесува 40,175 ден/кг.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,145 проценти.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.