еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Нова осуда за косовските власти од ЕУ за предизвикување тензии на северот на Косово

Земјите од Квинта и Европската унија повторно го осудија потегот на властите во Приштина и повторија дека дијалогот е единствениот начин за нормализирање на односите, јави дописникот на МИА од Белград.

Амбасадите на земјите од Квинта ја осудија одлуката на косовските власти за насилен пристап до општинските згради на северот на Косово, и покрај постојаните повици за воздржаност. Квинта и ЕУ очекуваат дека властите во Приштина нема да преземат никакви нови мерки за принуден пристап до општинските згради во Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан.

Како што се наведува во заедничката изјава на амбасадите на Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство, САД (Квинта) и ЕУ во Приштина, избраните градоначалници треба да покажат воздржаност и да преземат „итни мерки за да покажат посветеност и одговорност да ги претставуваат и да им служат на сите членки на заедниците“, соопшти Еурактив.рс.

Во исто време, тие силно ги предупредуваат сите страни за други закани или дејствија кои би можеле да влијаат на безбедносното опкружување, вклучително и слободата на движење, и кои би можеле да поттикнат тензии или да промовираат конфликт.

-Посебно сме загрижени за безбедноста и благосостојбата на цивилите, полицајците, членовите на Еулекс и КФОР. Новите еднострани дејства негативно ќе влијаат на односите со земјите од Квинта и ЕУ, се вели во соопштението.

Како што се посочува, Квинта и ЕУ нагласуваат дека дијалогот со посредство на Унијата е патот кон нормализирање на односите и пристапување во ЕУ. Тие ги потсетуваат страните заеднички да работат на следните чекори за имплементација на договорот меѓу Белград и Приштина од февруари и март годинава и конструктивно и искрено да учествуваат на претстојните средби за дијалог.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Косовската полиција фрли солзавец кон вработени во општината Звечан, на Косово повторно тензично

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До сега попишани вкупно 800.008 лица, 249.500 домаќинства и 336.109 станови

Редакција

Измената на Уставот „не е голема работа“, смета Захариева

Редакција

(Галерија) Царовска, Петров, Лукаревска и Николовски се натпреваруваа во правење мафини

Редакција