Со зголемување на данокот за прехранбените производи, во маркетите ќе поскапи речиси се, односно над 1.000 артикли. Владата најавуваше дека ќе поскапат само луксузните производи, но се опфатени и оние производи кои се дел од секојдневната исхрана на граѓаните.
Поскапуваат брашното, џигерот, сладоледот, сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази.
Ќе поскапат лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортињи, нудли, храната за децата – гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот.
Со новите цени ќе бидат зафатени и сите чаеви, тропското овошје, сите видови сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, компотите, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините.
Кога Владата по итна постапка го донесе законот за повисоко ДДВ до 10%, споменуваше дека ќе поскапат перките од ајкула, чија семето, тартуфите, сирењето со муфла.
Фото: Unsplash