еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Последици од Ковид-19 по менталното здравје: Зголемена депресивност и анксиозност, посебно помеѓу жените

Пандемијата со Ковид-19 допринесе до зголемување на анксиозноста и големи депресивни пореметувања во целиот свет, посебно помеѓу жените и младите, покажува истражувањето објавено во реномираниот медицински часопис „The Lancet“, пренесува rs.n1info.com.

Ова е прва студија која го процени глобалното влијание на пандемијата на големите депресивни пореметувања и анксиозност, наведувајќи ги според годините на старост, пол и локација во 204 земји во 2020 година.

Резултатите покажуваат дека лани, случаите на големи депресивни пореметувања и анксиозност се зголемиле за 28 односно 26 отсто.

„Ова ја нагласува итната потреба за зајакнување на здравствениот систем,“ изјави водечкиот автор на студијата, Дамиен Сантомауро.

Тој додава дека и пред пандемијата, системот на заштита на менталнот здравје во поголем број на држави бил недоволно опремен и неорганизиран.

Жените се повеќе погодени од мажите, а помладите се повеќе погодени од повозрасните групи. Младите страдаа, бидејќи затворањето на училиштата ги држеше подалеку од училиштата, а многу жени се соочија со зголемен ризик од насилство во семејството.

Студијата направена од академици од Унверзитетот Квисленд во Австралија, исто така нотирала 76 милиони дополнителни случаи на анксиозно пореметување и 53 милиони тешки депресивни пореметувања.

„За жал, од бројни причини, жените секогаш имале поголема веројатност дека ќе бидта потешко погодени од социо-економските последици на пандемијата,“ вели коавторката на студијата Алис Ферари.

Се проценува дека за 28 отсто е зголемен бројот на случаи на големо депресивно пореметување на 246 милиони случаи, во однос на проценетите 193 милиони случаи доколку пандемијата не се случеше.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велипеток, најтешкиот ден во годината

Редакција

Насилник ги исекол цевки за довод на медицински гас во Заводот за нефрологија во Струга

Редакција

Вкупно 7.474: Од Ковид-19 починаа 5 лица, дополнително пријавени уште 5

Редакција