еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонските граѓани ќе може да патуваат во Велика Британија без два пати да прават ПЦР-тест и 10 дена да бидат во карантин

Македонските државјани ќе можат да патуваат во Велика Британија без да мора да поминат 10 дена во карантин при влез во земјата и без да прават две тестирања во тој период.

Ова олеснување ќе почне да важи од 11 октомври, а државата е на листата на 47 земји кои се опфатени со ова олеснување на британската влада.

Претходно, оние кои не беа вакцинирани требаа да направат ПЦР-тестови на вториот и осмиот ден од пристигнувањето и да бидат во карантин од 10 дена.

За целосно вакцинирани во Британија се сметаат лица што се вакцинирани со две дози од вакцините кои се признаени во оваа земја: „АстраЗенека“, „Фајзер“ и „Модерна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Среќен 8 Март: Само 5 проценти од директорите на јавните институции се жени

Редакција

Од денеска основните производи со „одмрзнати“ цени, ќе има ли поскапувања?

Редакција

Седуммина граѓани на Авганистан кои престојуваа во Македонија заминаа за Португалија

Редакција