еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Продолжениот викенд со неповолни временски услови: Облачно и студено со повремен дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 11 степени.

И во следните денови ќе бидеме под влијание на влажна воздушна маса, времето ќе се задржи претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, на места со пороен карактер и проследени со засилен ветер, информираат од УХМР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Кои се најуспешните албански компании во Македонија?

Редакција

Груби: Не го плашете народот, во 21. век никој никого не асимилира

Редакција

За една недела 84 деца до 9 години заболеле со Ковид-19, лицата на возраст од 20-29 години остануваат најризични за заразување

Редакција