еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За една недела 84 деца до 9 години заболеле со Ковид-19, лицата на возраст од 20-29 години остануваат најризични за заразување

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 4 до 10 октомври покажуваат дека се регистрирани заболени лица со Ковид-19 во сите возрасни групи.

“Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=630, 26,8%).

Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=84; 3,6%).

Во насока на регистрираното вкупно намалување на бројот на случаи, се забележува и намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи (освен кај возрасната група од 20- 29 години).

Намалувањето се движи од -2,3% кај децата од 0-9 години до -21,2% кај децата од возрасната група од 10-19 години.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.236 (52,5%) лица од женски и 1.118 (47,5%) од машки пол.

Со статус „оздравени“ се стекнале 2.555 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Дополнително, при проверка во системот се административно затворени 3.645 постари случаи (од месец август, случаи кои биле хоспитализирани, странци и лица без матични лекари)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За една недела 2.354 нови случаи на Ковид-19, просечниот процент на позитивност е 10,2%

Минатата недела 93 лица починале од Ковид-19, во Скопје 40

Минатата недела 34 лица повторно заболеле од Ковид-19

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вучиќ: Ова е напад на целата земја и терористички чин, следуваат нови мерки за носење оружје и поостри казни

Редакција

Регистрирани 190 нови случаи на Ковид-19 од 2.636 тестирања

Редакција

Скопски перверзии: Глутница кучиња, преплашени туристи и прес-дружба на Петре Шилегов

Редакција