еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во река е претворен дел од автопатот Солун-Атина од бурата „Даниел“ и останува затворен за сообраќај

Во река е претворен дел од автопатот Солун – Атина поради поплавите и останува затворен за сообраќај во двата правци кај Лариса, а една седмица по почетокот на невремето „Даниел“, областа Тесалија сѐ уште под вода, јави дописничката на МИА од Атина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Снимки од дрон ја прикажуваат катастрофата од поплавите во Грција

Процените се дека поплавите во Грција зад себе оставаат огромна материјална штета, со целосно уништени домови и плодно земјиште, но и голема опасност за јавното здравје.

Во поплавените домови во неколку села во општина Палама, поради нивото на водата влегоа припадници на нуркачката единица од грчката армија за спасување на евентуално заглавени жители.

Од Противпожарната служба на Грција утрово соопштија дека од почетокот на невремето минатиот вторник заклучно со денеска, примиле 10.874 повици, зFа испумпување вода и сечење дрва, а спровеле 4.564 спасување или пренесувања на лица на безбедни локации.

Во поплавите во Грција предизвикани од невремето „Даниел“, досега, животот го загубија 15 лица, а две лица, млад брачен пар од Австрија се исчезнати.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пасошите на иселениците кои истекуваат по 31 јули ќе важат до 31 декември 2021

Редакција

Во Бугарија не среќни со предлогот на Силва и Вархеји и затоа го пуштија во јавноста, да му ги сосечат нозете, вели Шекеринска

Редакција

Еуфорија на Твитер за пласманот на ЕП: „Влеговме во Европа, ама со фудбал„

Редакција