еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Царината заплени непријавени 329 раствори за инјекции за визуелизација при магнетна резонанца

На граничен премин Деве Баир на влез во државава при контрола на автобус се запленети 329 парчиња раствори за инјекции Gadovist 1.0, коишто се употребуваат и за дијагностика на бенигни и малигни заболувања при магнетна резонанца, скриени во пакет со етикета од производител на вода за пиење.

-На 8 септември, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал од Истанбул до Пеќ во Косово, во средината, под едно од седиштата пронајдоа кутија во која имало 329 парчиња раствор за инјекции од 15 мл Gadovist 1.0 oд германскиот производител Бајер (Bayer) за којашто како сопственик се пријавил патник со иницијали М.Ш. од Косово.

За медицинските производи патникот не поседувал ниту соодветна дозвола од надлежното Министерство за здравство, се наведува во денешното соопштение од Царинската управа.

Против лицето е поднесена кривична пријава до надлежниот суд за кривично дело криумчарење по член 278 од Кривичниот законик.

Фото: Царинска управа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Некои од телата во Буча лежеле на улица со недели

Редакција

Кој се е во трка за градоначалник на Охрид, Ново Село и Дебар

Редакција

По Македонија и Бугарија го протера рускиот свештеник и уште двајца црковни службеници

Редакција