еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Постигнат договор за платата на машиновозачите, железничкиот сообраќај ќе се нормализира

Железничкиот сообраќај во државава ќе се нормализира вечер во 20 часот откако претставниците на машинскиот извршен персонал и на раководството во ЖРСМ Транспорт доцна попладнето постигнаа договор за исплата на вториот дел од платата за јуни и за старт на преговори за измени во актот за систематизација, потврди за МИА, Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал.

Сообраќајот, што е во прекин од 13 часот денеска кога  вработените стапија во бојкот, според најавите од Димовски, ќе се нормализира со возот за Битола 645 во 20.05 часот.

-Постигнат е договор со менаџерскиот на ЖРСМ Транспорт за исплата на вториот дел од платата за јуни во петок како и да почнат преговори за доставените барања за изменување и дополнување на систематизацијата со што ќе се зголеми коефицинетот на сложеност за машинскиот извршен персонал, а можно е и за сите вработени, изјави Димовски.

Во тек на неколку часовниот прекин на  железничкиот собраќај, не се реализираше сообраќањето на два патнички воза од Скопје за Битола и за Гевгелија, додека од товарните немаше откажување.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Патникот од Дубаи кој беше хоспитализиран на Инфективна клиника нема корона вирус

Редакција

На Фејсбук се огласи сопственикот на “Беса транс“: Овие тестови се од Алах

Редакција

Предизборна „бомба“ на Милошоски: Ќе има ли нови?

Редакција