Украинското Министерство за инфраструктура соопшти дека е постигнат договор за 120 дена продолжување на иницијативата за извоз на украинско жито преку црноморските пристаништа.
– Оваа одлука штотуку беше донесена во Истанбул. Обединетите нации и Турција остануваат гаранти на иницијативата, се вели во соопштението.
Првичниот договор постигнат во јули помогна да се избегне глобална криза со храна со тоа што дозволи извоз на храна и ѓубрива од неколку украински пристаништа на Црното Море блокирани од Русија.
МИА/Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.