еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел, денеска и утре во посета на Македонија

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на земјава, каде како што е најавено, ќе ја предводи делегацијата на ЕУ на 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Македонија.

Борел, според агендата, денеска ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а утре ќе претседава со Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и земјава, каде Македонија ќе ја претставува премиерот Ковачевски, а Европската комисија ќе ја претставува комесарот Оливер Вархеи.

По Советот, во 11:30 часот ќе следи заедничка прес-конференција.

За време на посетата, Борел, како што е најавено, ќе оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои и со претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и со претседателот на Собранието, замениците-претседатели, координаторите на политичките партии и претседавачи на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања при Собранието на Македонија.

Борел во земјава доаѓа од Албанија, каде имаше средба со албанскиот премиер Еди Рама и претседаваше со 12-тиот Совет за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Албанија.

Овие посети, како што е најавено, се можност да се разговара за билатералните односи меѓу ЕУ и Албанија и ЕУ и Македонија, во согласност со нивните договори за стабилизација и асоцијација и да се разгледаат најновите случувања во двете земји и во Западен Балкан. Ова е првпат советите да се одржуваат во Тирана и Скопје.

Борел, по Скопје на 18 март заминува во Охрид, каде премиерот Ковачевски ќе биде домаќин на средбата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, како дел од дијалогот Белград-Приштина.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чавков: Нема правник, нуту граѓанин, кој нема сомнеж за амнестијата

Редакција

Груевски: Планирав да одам во затвор, но избегав бидејќи ми се спремаше ликвидација таму

Редакција

Грција ќе постави табли со новото име, аеродромот во Солун останува „Македонија“

Редакција