еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Потребно е достоинствено европско решение за спорот и деблокирање на преговорите, констатираа Ковачевски и Борел во Брисел

Премиерот Димитар Ковачевски и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел синоќа во Брисел одржаа средба на која ја истакнале потребата за брзо делување и за остварување на стратешкиот интерес и придобивка на ЕУ од проширувањето со Македонија и другите земји од Западен Балкан како приоритет за европската безбедност, информираат од Владата.

Во таа насока, како што информираа од Кабинетот на Ковачевски, било истакнато дека е време за изнаоѓање на достоинствено европско решение за деблокирање на почетокот на пристапните преговори за Македонија.

Премиерот на средбата изразил благодарност за ангажманот на Борел, за неговата континуирана и цврста поддршка за Македонија.

За време на разговорот било нагласено дека Владата останува посветена на реформите и нивната имплементација во борбата против корупцијата, владеењето на правото, дигитализацијата и зелената агенда.

Ковачевски, во рамки на работната посета на Брисел, претходно оствари средба со белгискиот премиер Алексаданр Де Кро со кого, како што соопшти владината прес-служба, се согласиле дека е неопходно брзо изнаоѓање на решение меѓу Македонија и Бугарија за да се овозможи старт на преговорите за членство во ЕУ, како стратешка одлука за Брисел од аспект на безбедносните ризици предизвикани од војната во Украина. Двајцата премиери изразиле задоволство од блиските и пријателски односи меѓу Македонија и Белгија, засновани на взаемна доверба и заедничка визија за слободна и демократска Европа.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре до ЕСМ се очекуваат понуди за снабдување со гас, помеѓу нив и од компанијата предложена од опозицијата

Редакција

Од следната недела редовна железничка линија за транспорт на контејнери од пристаништето во Солун до Скопје

Редакција

Мицкоски се срами што го познава Џафери

Редакција