еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Хепатитисот со непознато потекло кој ги напаѓа децата продолжува да се шири низ светот

Евидентирани се 348 случаи на хепатитис со непознато потекло, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Се разгледува хипотезата дека аденовирус е причината за оваа мистериозна болест, што главно ги напаѓа децата, а се поврзува и со Ковид-19, јавија странски медиуми.

Според СЗО, случаи на хепатитис со непознато потекло забележани се во 20 земји. Има уште 70 сомнителни случаи, во 13 земји, чии резултати од тестови се чекаат.

Во шест земји има над пет случаи, а само во Велика Британија пријавени се 160 пациенти.

Филипа Истербрук, од програмата на СЗО за сузбивање хепатитис, тврди дека има значаен напредок во истражувањата.

Како што појасни Истербрук, главните хипотези околу тоа што ја предизвикува болеста, го вклучуваат аденовирусот, земајќи ја во обзир важната улога на Ковид-19, како здружени инфекции или како претходно прележани инфекции.

Аденовирусите обично се шират низ капки и преку заразени површини. Околу 18 отсто од пациентите со овој хепатитис од непознато потекло, биле позитивни на Ковид-19, покажаа резултатите од тестовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Брзо и агресивно го напаѓа црниот дроб на децата“: Доктор Софијанова за непознатиот аденовирус

Кои се симптомите на непознатиот хепатитис кој ги напаѓа децата

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Европа не чекала, рече во Собрание Фон дер Лајен, која убедува дека македонскиот јазик и идентитет не се загрозени

Редакција

„Жикол“ го доби тендерот за изградба на канализација во Арачиново вреден 1,7 милиони евра

Редакција

Владата бара Надзорниот одбор да го разреши Макрадули од директорската функција на АД „Пошта“

Редакција