еМагазин
Image default
Македонија

Повеќе интерес за трета, отколку за прва доза вакцина против Ковид-19

Во изминатите четири дена аплицирани се вкупно 8.185 дози вакцини, од кои 1.706 се аплицирани како прва доза, 1.899 се ревакцинирани, а 4.590 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 809.293 граѓани, ревакцинирани се 780.456, а трета доза примиле 43.376 граѓани, соопшти Министерството.

Педесет и четири отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст, како што се истакнува, се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37 отсто од популацијата во државата примиле две дози вакцина, информираат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Став на македонистите за едностраната изјава на Македонија: Грубо фалсификување на лингвистичките факти и на проучувањата на македонскиот јазик

Редакција

Мицкоски: Заев дојде со план да не се постигне договор за да си го заштити криминалот

Редакција

Четири активни пожари во Македонија, два се под контрола

Редакција