Бројот на заразени со коронавирусот во светот денеска надмина 41 милион, покажуваат податоците на интернет страницата „Ворлдометерс“.
Од почетокот на епидемијата, 1,13 милиони луѓе починале, а 30,6 милиони пациенти закрепнале од болеста.
Во моментов има околу 9,3 милиони активни случаи ширум светот.
Најлоша е состојбата во САД, каде што се заразени 8,5 милиони луѓе, а починале околу 226 000 лица.
Следува Индија со 7,6 милиони заразени и 115.950 смртни случаи, по што следи Бразил со 5,2 милиони случаи и 154.888 смртни случаи.
Русија и Шпанија се европски земји со најголем број заразени лица.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.