Советот на Општина Охрид донесе одлука за поскапување на дел од основните комунални услуги.
Услугите на јавните претпријатија „Нискоградба“, „Билјанини Извори“, „Градски гробишта“ и „Охридски Комуналец“ поскапуваат од 30 до 50%.
Паркингот поскапува за околу 30%, гробарината за 50%, а комуналните услуги се зголемуваат за околу 30%.
Со одлука, Советот ја зголеми и цената на такси превозот, а новите цени ќе стапат на сила од 6. мај.
Новата тарифа предвидува старт од 50 денари и 50 денари по километар, а ноќната тарифа ќе изнесува 100 денари старт и 50 денари по километар.
Со одлуката, дневната цена по километар се зголемува од досегашните 35 на 50 денари.














