еМагазин
Image default
Локално

Повредени три лица при пожар во работилница на Железници

На 19.11.2020 во 09.19 часот во СВР Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека настанал пожар во механичарска работилница за поправка на вагони сопственост на „Железници на Република Северна Македонија“ во нас.Трубарево, при што работилницата била целосно опожарена, информира МВР.

„Пожарот бил локализиран, а во пожарот тројца вработени биле повредени. Притоа, Н.Г. (53) од с.Јурумлери се здобил со тешки телесни повреди, Р.Л. (62) и В.Т. (56) се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и Трудов инспектор“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Му одзел пиштол во менувачница

Редакција

Искршил казино во Струга и полициско возило

Редакција

Каков ќе биде возниот ред на ЈСП за време на полицискиот час

Редакција