еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Повторно опожарена трска на струшкото крајбрежје

Нов пожар на трски на брегот на Охридското Езеро вчера беше регистриран на потегот од плажата „Аквариус“ на излезот од Струга кон селото Калишта.

Според првичните информации, опожарена била трска и друга сува вегетација на површина од околу 500 квадратни метри.

„Во СВР Охрид вчера во 17 часот е пријавен пожар кај струшкото село Калишта, при што била опожарена трска во езерскиот појас. Пожарот, во кој нема повредени лица, е целосно изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга.

Извршен е увид од страна на увидна екипа од ОВР  Струга“, информира денеска портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Територијалната против пожарна единица – Струга интервенирала со едно возило и тројца пожарникари. За кратко време, како што информираат, пожарот е ликвидиран.

Праксата со палење трски продолжува со почнување на вегетацијата, но и градежната сезона. Од почетокот на годината ова е четврти случај со палење на крај езерска трска.

На истиот појас пред само пет дена беше опожарена поголема површина со трски, а увид на местото извршија инспектори од струшката полиција и Државниот инспекторат за животна средина. Во првите два случаи поднесени се кривични пријави во едниот против непознат, а во другиот против познат сторител, односно сопственикот на земјиштето.

МИА/Фото: Фејсбук/Државен инспекторат за животна средина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството ја продолжува предистражната постапка за „Еко клуб“, фирмата која несоодветно третира медицински отпад во „Дрисла“

Редакција

Штип седми ден е со загаден воздух

Редакција

Почнува „Генералка викенд 2022“, Пиварци и партнерите го исчистија Водно

Редакција