еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Повторно прием и испраќање мали пакети и препорачани пратки за САД, информираат од Пошта

Давателот на универзалната услуга, Пошта на Северна Македонија АД – Скопје повторно започна со прием и испраќање на мали пакети и препорачани пратки до два килограми кои содржат предмети/стока за Соединетите Американски Држави.

За навремено пристигнување пратки во одредишните земји ширум светот, од националната Пошта потсетуваат на обврската за точно и прецизно пополнување на царинската декларација образец CN 22/23.

Начинот на пополнување е достапен на веб страната на Пошта.

-Напоменуваме дека, авиокомпаниите преку кои се транспортираат поштенските пратки, сé уште вршат промени на летовите на дневна или неделна основа, па со оглед на тоа очекувани се задоцнувања во транспортот, велат од националната Пошта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Предлог-место за посета по кризата со корона-вирусот: Етно-ресторан Куклица, Кратово

Редакција

Обвинителство ја прекинува соработката со Антикорупциска поради „шемата“ која ја обелодени за неуспешната конфискација на имотот на „Трансмет“

Редакција

По пауза од 13 години: „Фич” го зголеми кредитниот рејтинг на земјава

Редакција