еМагазин
Image default
Македонија

Повторно се одложи судењето за „Плацеви на Водно”, оти мајка му на Камчев дојде без адвокат

Судењето за случајот „Плацеви на Водно” се одложи за 10 септември поради отсуство на бранителот на обвинетата Ратка Камчева, кој судечкиот совет го известил дека треба да присуство на јавна седница во друг предмет.

Претходното рочиште пак кое требаше да се одржи на 30 август, беше одложено поради тестирање за Ковид-19 на обвинителката Лиле Стефанова.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Големиот број болни од Ковид-19, резултираше со изолација на осум одделенија кај основците во Тетово

Редакција

Две лица на 65 и на 86 години починаа во тетовскиот ковид-центар

Редакција

Во Баликесир во Турција уапсен Љупчо Палевски Палчо

Редакција