еМагазин
Image default
Локално

Пожар целосно уништи стан на улицата „Рузвелтова“ во Скопје, пожарникарите спречија да се прошири

Пожар избувна денеска во стан на петти кат во зграда на улицата „Рузвелтова“ во Скопје. Со брза интервенција на пожарникарите пожарот целосно е изгаснат, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

– Во 13:30 часот добивме дојава за пожарот. Интервенирано е со пет противпожарни возила со 15 пожарникари. Пожарот е комплетно изгаснат во 14 часот, рече Симоновски.

Додаде дека се утврдуваат причините за пожарот. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наставничка со дрвен предмет „подучувала“ ученик

Редакција

Летале дрвени предмети во физичка пресметка во Прилеп

Редакција

Со автомобил прегазил жена во Кавадарци и побегнал

Редакција