еМагазин
Image default
Македонија

Пожар во УСЈЕ: Нема повредени лица и поголема материјална штета

Нема повредени лица и материјална штета од поголеми размери во денешниот пожар во Цементарница УСЈЕ, информираа попладнево од компанијата.

Оттаму посочуваат дека пожарот најверојатно е предизвикан од дефект на електрична инсталација и дека е целосно ставен под контрола и изгаснат.

– Денес, околу 11:30 часот, во Цементарница УСЈЕ АД Скопје се случи пожар, кој најверојатно е предизвикан од дефект на електричната инсталација, по што веднаш беше известена противпожарната служба.

Вработените во УЈСЕ реагираа веднаш по настанувањето на пожарот, со што беше спречено негово понатамошно ширење.

По пристигнувањето на противпожарната служба и нивната брза интервенција, заедно со вработените од компанијата, пожарот целосно беше ставен под контрола и изгаснат, а нема повредени лица и штети од поголем вид, се наведува во соопштението од компанијата.

Од УСЈЕ велат дека увидот ќе продолжи за да се утврдат причините.

Територијалната противпожарна единица на Град Скопје интервенираше со девет пожарникари и две возила.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апасиев го тужи Tалат Џафери за политичка дискриминација

Редакција

МНР со препорака: Поради најавен протест да се избегнуваат делови од Париз

Редакција

Убава вест: Оздравени 75 пациенти коишто боледуваа од Ковид-19

Редакција