еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пожарот кај Богданци ставен под контрола

Пожарот кај Богданци кај местото Брдаров камен, каде гори нискостеблеста шума, прнар и сува трева, е локализиран и ставен под контрола, но на одредени места се распламтува, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарот го гаснат шеесетина пожарникари и тимови на „Национални шуми“ и комуналното претпријатие на Богданци, кои со брзата интервенција не дозволуваат пожарот да се прошири.

И градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов потврди дека пожарот е локализиран, но екипите се уште се на терен и внимаваат да не се разгори на нови места.

-Засега пожарот е локализиран и ставен под контрола, но критично е во наредните неколку часови. Доколку не се појават нови жаришта, пожарот ќе биде целосно изгаснат, изјави Шапов.

Според него, пожарот вчера почнал да се шири од пониските делови на овој терен каде се наоѓаат обработливи површини и тој се сомнева дека причина за пожарот е човечки фактор.

Опожарени се околу 500 хектари нискостеблеста деградирана шума и сува трева. Пожарот вчера помина низ ветерниците над Богданци без да предизвика штета на нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пожарот кај Богданци се уште не е ставен под контрола

(Видео) Пожар кај Богданци, огнот поминал и низ дел од ветерниците

МИА/Фото: ДЗС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МЕПСО цел на кибер напад, не се загрозени мрежата и снабдувањето со струја

Редакција

Обвинителство ја обжали пресудата за тешката сообраќајна несреќа кај „Сити Мол“

Редакција

Несекојдневна измама: Се претставил како директор, подигнал „роба“, но никогаш не платил

Редакција