еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пожарот кај Кокино ставен под контрола, жаришта има во месноста „Кокински дол“

Пожарот кај Кокино е ставен под контрола, но противпожарните служби од Старо Нагоричане утрово информираат дека нивни екипи се упатуваат кон непрооден пат на уште три жаришта во месноста „Кокински Дол“, каде не може да се интервенира со возила, ниту пак има пристап со лесни возила.

– Во моментов наши екипи и и припадници на Армијата се упатуваат кон овие три жаришта. Цела ноќ, екипите се на терен, делумно е локализиран пожарот, изјави командирот на противпожарната единица, Далибор Трајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Евакуирани жители на неколку куќи од Кокино: Гори борова, дабова и нискостеблеста шума

Екипите на противпожарната единица на Старо Нагоричане, со поддршка на пожарникарите од Куманово, Скопје, Ранковце, припадници на шумското стопанство, припадници на Армијата на МВР, на ДЗСИ, мештани, цела ноќ го гасеа пожарот кај Кокино во кој беше зафатена поголема површина на борова, дабова и нискостеблеста шума.

Пожарот почна да се шири на 1. август во попладневните часови. Вчера во текот на денот во гасењето беше вклучен и хеликоптер на Армијата. Претходно беа и евакуирани и жители.

Во кумановско, целосно е изгаснат пожарот во Мургаш и Пезово, екипите села ноќ го гаселе пожарот, кој е видлив од источната страна на Куманово.

Во моментов има пожар од другата страна на ридот кој е префрлен во атар на село Бељаковце каде што гори нискостеблеста дабова шума, пративме екипа и на тој реон, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како што Македонија и Грција можеа да го надминат спорот, така и Бугарија да ги зајакне напорите и да го направи истото, изјави Вархеји во видео-обраќање на „Преспа форум за дијалог“

Редакција

Леонид сега е најважен во државата, еве како можете да помогнете

Редакција

Убава вест: Оздравени 119 болни од Ковид-19

Редакција