еМагазин
Бизнис

Прагот за ДДВ обврзници се зголемува на два милиони денари

Прагот за ДДВ обврзник ќе се зголеми од еден милион денари на два милиони денари. Ова ќе биде уредено со измените во Законот за данок на додадена вредност, кои ги прави Министерството за финансии, информираат од Министерството за финансии.

Сеопфатата анализа на Министерството за финансии покажала дека наплатата на ДДВ од даночни обврзници со промет до два милиони денари е само околу 8,7 милиони евра, додека даночната администрација троши повеќе време за ДДВ обврзници кои придонесуваат со два проценти во вкупната наплата на ДДВ, отколку на оние кои придонесуваат со 73 проценти.

Исто така, со ова, како што велат од Министерството, Владата ќе им даде поддршка на малите и средни компании да растат и да се развиваат.

“Знаете дека темата за прагот стана актуелна откако во јавноста претставници на владата, уште пред таа да биде формирана гласно зборуваа дека прагот за ДДВ треба да се зголеми. Јавната дебата и притисок од јавноста за исполнување на ова усно дадено ветување се уште не е згасната и денеска сакам и таа да ја адресирам.

Затоа, ќе предложиме и промена на периодот во кој обврзникот е должен да остане во системот на ДДВ и истиот ќе го скратиме на три години од тековните пет години. Со тоа сите правни и физички лица кои во 2019 година не го надминуваат новопоставениот праг, ќе може доброволно да се дерегистрираат од системот“, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска, образложувајќи ги предлог-измените.

Во 2018 година имало 11.375 правни и физички лица кои се ДДВ обврзници и кои имале промет под 1 милион денари. Овие физички и правни лица, се регистрирале кога надминале 1 милион, а потоа биле обврзани да останат во системот во следните 5 години, без оглед колку промет остваруваат.

Голем дел од нив придонесуваат нула или многу малку, а се товар за системот од една страна, а од друга страна и админстрацијата е товар за нив.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владо Камбовски и Драгица Јовановска предложени за членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка

Редакција

Македонија2025 ја обликува иднината на Македонија – поддржани над 100 бизниси и 1.680 лидери и таленти

Редакција

Велешки “Ветекс“ во првото полугодие со добивка

Редакција