еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Пратениците го избраа Талат Џафери за претседател на Собранието со 62 гласа „за“

Со 62 гласа „за“, пратениците денеска го избраа Талат Џафери за претседател на македонското Собрание, што е негов втор последователен мандат на оваа функција.

На седницата „против“ гласаа 43 пратеници. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа против, по гласањето ја напуштија собраниската сала. И Левица, како што се изјаснија во дебатата, гласаа против предлогот, а пратениците од Алијанса на Албанците и Алтернатива, како што најавија, не присуствуваа на гласањето.

Во попладневиот дел од продолжението на собраниската конститутивната седница пред гласањето, продолжија меѓусебните одбвинувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и потсетувања кој што кажал за време на изборите, а како сега се постапува и како работеле во минатите години.

Благица Ласоска од ВМРО-ДПМНЕ го коментираше писмото со потписи од пратеници со кое се предлага Џафери за претседател на Законодавниот дом во делот на ефикасноста на менаџирањето од негова страна на претходниот собраниски состав.

„Сервилноста на пратениците кон Владата треба да стане мнинато затоа што Собранието е контролор на Владата, а не обратно ако сакаме да потврдиме дека сме парламентарна демократија, а претседателот на Собранието треба да ја третира еднакво и позицијата и опозицијата“, рече меѓу другото Ласоска, појаснувајќи зошто нема да даде поддршка за предлогот за Џафери за спикер на Парламентот.

Нејзината сопартијка Ане Лашкоска рече дека не е изненадена од предлогот Џафери да биде претседател на Собранието и на новиот собраниски состав, меѓу другото укажа на меѓусебните обвинувања на СДСМ и ДУИ од предизборната кампања, и упати забелешка зошто никој од пратениците од ДУИ и СДСМ не учествуваат во расправата за точката на дневниот ред со земање збор.

„Нема да го гласам Талат Џафери затоа што во минатото беше првиот од коалицијата на СДСМ и ДУИ кој го срамни со земја Собранието на РМ, не почитуваше процедури, ами измислија за нив посебни само нивни процедури, а се темелеа на пазар буквално целиот нивни мандат.

Нема да го гласам Џафери затоа што сум сигурна оти истото ќе се случува и во ова кратко време на опстојување на овој Парламентарен состав“, рече Лашкоска.

Миле Талевски од СДСМ реплицираше дека „Македонија оди напред со оваа нова влада со новото парламентарно мнозинство“.

„И да бидете убедени дека овој парламентарен состав ќе владее четири полни години“, рече Талевски.

На прашањето од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова дали лидерот на СДСМ, Зоран Заев му се извинил за кажаното во време на предизборната кампња, претседавачот со седницата Џафери посочи оти за прашања од пратеници постои посебен институт пратенички прашања кој е за поставување прашања кон Владата, но овој пат, рече ќе и одоговори како пратеник.

„Што сум коментирал јас, стојам зад тоа и стојам зад секој збор што сум го искажал било за време на кампања, јавно или каде било. Верувам дека прес-конференцијата на која двајцата лидери на коалицијата ја информираа јавноста за одлуката да продолжат со коалицирањето сметам дека беше доволно како одговор за она што ми поставувате прашање.

Вие сте нов пратеник, но имајте предвид дека институтот пратенички прашања не е за поставување прашања на пратеници, туку кон членовите на власта и другите институции избрани од  Собранието“, рече Џафери.

Џафери беше предложен за уште еден четиригодишен мандат за претседател на Собранието со 62 потписи на пратениците од СДСМ и Коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА.

Предлогот за претседател на Собранието на денешното продлжение на седницата го образложи пратеникот Изет Меџити од ДУИ, кој кажа дека во минатиот период Џафери ефикасно и успешно раководел со законодавниот дом, согласно законите и Уставот. Тој, според Меџити, успешно ги менаџирал сите процеси од надлежност на Собранието.

Претседателот на Собранието се избира со 61 глас „за“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жестока дебата на седницата за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието 

МИА/Фото: Џафери/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Битола доби владина поддршка за справување со штетите од земјотресот

Редакција

Полицискиот час го прекршиле 117 лица, приведени 89

Редакција

(Возенемирувачки фотографии) Отруени кучиња во Тетово

Редакција