еМагазин
Image default
Македонија

Пратениците заминаа на одмор

Пратениците се на годишен одмор. Претседателот на Собранието Талат Џафери локалните избори ќе ги распише на 6 август, а ќе се одржат согласно законскиот термин на 17 октомври годинава.

Како што потврдуваат од Кабинетот на Џафери и според Деловникот на Собранието, одморот на пратениците е до крајот на август. Претседателот на Собранието може и за време на одморот да свика седница на Собранието.

Џафери минатата недела на средба со новинарите рече дека со седниците ќе продолжат по одморот, кога ќе работат по преостанатите незавршени седници. Нова седница ќе биде закажана на средината на септември.

Спикерот Џафери одморот ќе го помине во соседна Албанија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска: Лекарската комора да го истражи случајот со директорката Софијанова за телевизиско рекламирање на суплементи

Редакција

Специјалната болница во Отешево од понеделник ќе продолжи со прием на пациенти

Редакција

(Фото) Со мирен протест во Битола се побараа ослободителна пресуда за полицаецот Гоце Петковски

Редакција