еМагазин
Image default
Македонија

Пратеникот Бојан Стојаноски најчесто се јавувал за збор во Собрание и најдолго зборувал

Институт за демократија, од јуни 2014 година, го следи квалитетот на дебатата во Собранието и работата на Собранието генерално. Од јануари 2020 година, почнува четвртиот циклус на мониторинг, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), која се спроведува во партнерство со Националниот демократски институт (НДИ) и Центарот за управување со промени (ЦУП).

Мониторингот се фокусира на дискусиите кои се однесуваат на точки од собранискиот дневен ред кои спаѓаат во областите на владеење на право, човековите права и демократија, информираат од таму.

Извештајот за квалитетот на дебатата во Собранието, кој се однесува на периодот од 4 август до 31 декември 2020 годинаго потврдува ниското ниво на квалитетот на дебатата во Собранието во последните 2 години, како и заклучокот дека постои значителен простор за подобрување.

„На скала од 1-најнизок до 10-највисок, средната оценка на квалитетот на дебатата во Собранието е 5.5, и е пониска во споредба со претходните периоди на набљудување, за кои оценката за квалитетот на дебатата се движеше од 6.0 до 6.3.

За разлика од минатите периоди, квалитетот на дебата во Собранието не ја добива минималната потребна оценка (6.0)  за да се именува како дебата.

Поактивни со вклучување во дискусиите биле пратениците од опозицијата, кои учествувале во 61% од набљудуваните дискусии, додека пратениците од власта учествувале во 39%.

Најчесто за збор се јавувал и најдолго на пратеничката говорница се задржал Бојан Стојаноски.

Меѓу најактивните 10 пратеници, се најдоа три пратенички, Гордана Сиљјановска Давкова, Дафина Стојаноска и Жаклина Лазаревска, една пратеничка повеќе споредено со претходниот период (јули – декември 2020),“ се вели во извештајот.

Во набљудувачкиот период, се одржа само една седница на пратенички прашања. Во однос на аргументацијата на дискусиите, генерално се забележува значителен пад во аргументирањето во споредба со минатиот период.

Говорниците во 44% од нивните излагања немаа аргументи, додека во 45% слабо аргументираа. Еден или повеќе аргументи се забележани во само 11% од дискусијата, за разлика од 29% во претходниот период на набљудување.

„Процентот на промена на став поради подобри аргументи останува значително низок за да може да се констатира дека пратениците демонстрираат можноста за отвореност за исправноста на аргументите на другата страна.

Во 54% од дискусиите, пратениците не се осврнуваат на силата и квалитетот на аргументите на другите говорници, додека во 37% пратениците останаа на својот став и не ја признаа вредноста на аргументите на колегите од другите политички опции, што е за 27% повисоко од претходниот период (10%).

Пратениците повеќе се осврнуваат кон разгледување на личноста на соговорниците отколку кон аргументите на истите.

Во 16% од излагањата, пратениците искажале почитување или делумно почитување кон аргументите на пратениците од другата политичка партија, додека непочитување или делумно непочитување кон аргументите искажале во 26% од дискусијата.

Почитување или делумно почитување кон нивната личноста искажале во 32%, додека непочитување или делумно непочитување искажале во 20% од дискусијата,“ се додава во Извештајот.

Извештајот го потврдува и константно нискиот осврт на пратениците кон правата на маргинализираните групи, низ сите периоди на набљудување.

Забележано е дека пратениците во над 93% од нивната дискусија, не се осврнуваат кон правата на маргинализираните групи, доколку специфично не се дискутира за одреден закон или тема на дневен ред поврзано за нивните права.

Слично со претходниот период (јули – декември 2019), ниедна маргинализирана група не е застапена повеќе од 3% во дискусиите.

Фото: Фејсбук/Стојаноски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две момчиња од Кочани и Виница загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Италија

Редакција

Не очекувам дека многу брзо ќе се изберат уставните судии, се надевам дека совеста ќе проработи кај пратениците, вели Кацарска

Редакција

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини: Аеродром „ита“ кон Чаир

Редакција