еМагазин
Image default
Македонија

Пратеникот од СДСМ, Миле Талевски позитивен на Ковид-19

Пратеникот на СДСМ, Миле Талевски информираше дека е позитивен на Ковид-19.

„Би сакал да ве информирам дека синоќа добив позитивен резултат на тестот за Ковид-19.

Моментално имам лесни симптоми на болеста и сум во домашна изолација.

На сите вас и на вашите семејства, ви посакувам добро здравје. Чувајте го личното здравје и здравјето на вашите најблиски.

Само со заеднички напори и дисциплинирано почитување на мерките за заштита од коронавирусот, имаме шанси да го победиме ова зло и да ја задржиме пандемија под контрола,“ напиша Талевски на неговиот Фејсбук-профил.

Фото: Фејсбук/Талевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Безбедносните камери од околните згради, го прикажуваат ужасниот пожар на ковид-центарот во Тетово

Редакција

„Мојата совет се чиста, јас сум жртва на незаконското прислушување„, кажа Јанкулоска во завршниот збор за „Таргет-Тврдина“

Редакција

51 лице починало од Ковид-19 надвор од болница

Редакција