еМагазин
Image default
Локално

Приведени трoјца скопјани: Ги фатиле додека краделе од автомобил на Средно Водно

Полициски службеници од ЕВР Карпош – СВР Скопје денеска околу 13 часот на Средно Водно ги лишиле од слобода Д.Д. (33), Ф.Д. (27) и Е.Н. (17), сите од Скопје, кои биле затекнати при извршување кривично дело „тешка кражба“ во патничко возило „Фолксваген Поло“ со бугарски национални ознаки.

Како што информира МВР, при преглед кај нив биле пронајдени украдените предмети, а исто така кај Д.Д. бил пронајден и блокатор.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Играле“ нож и секира во тепачка пред казино во Кочани

Редакција

Во струмички хотел лишен од слобода Бугарин баран од Интерпол

Редакција

Полицајци го нашле претепан пред кафана

Редакција