еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пратеникот на СДСМ Костовски не пријавил дека жена му се вработила во МНР, од Антикорупциска казнет со 150 евра

Фокус објави дека пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски не пријавил во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) дека неговата сопруга Ивана Костовска се вработила во Министерството за надворешни работи, па од Антикорупциска бил казнет со 150 евра, потврдуваат од таму.

-Службеното лице Мартин Костовски, пратеник, во законски предвидениот рок после вработување на член на неговото семејство (сопруга) во државен орган не ја извести Државната комисија за спречување на корупцијата, со што постапил спротивно на член 56 став 2 од ЗСКСИ, а казнив по член 105 став 1 алинеја 14 од ЗСКСИ.

ДКСК спроведе постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог, велат од Комисијата.

Глобата што е предвидена во Законот се движи од 300 до 500 евра, но бидејќи Костовски ја платил во рок од осум дена, платил само 150 евра, пишува Фокус.

Фото: Фејсбук/Костовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка со раст на добивката за 33,5%

Редакција

Епидемиолошката состојба во Велес сериозна и критична

Редакција

Детален преглед: Кои се десетте најтргувани акции на Македонската берза?

Редакција