еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Преброени над 80 проценти од гласовите: Пендаровски 42,59 отсто, Силјановска 41,60 и Река 11,57

Според првичните резултати објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) од обработени 81,38 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,59 проценти, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 41,60, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 11,57 отсто.

Изразено во освоени гласови, од досега преброените за Пендаровски гласале 242.051 граѓани, за Силјановска 236.426, а за Река 65.736 граѓани.

Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 39,71 отсто од обработени 91,54 проценти од избирачките места проценти или на гласање излегле околу 700 илјади граѓани.

МИА/Фото: ДИК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонец еден од победниците на 24. CodeIT, организиран од Мусала Софт, дел од Киншифт

Редакција

Граѓаните кои се заглавени по аеродроми ќе се вратат со хуманитарни летови и ќе бидат во државен карантин

Редакција

Мизрахи не е повеќе министерка, пратениците ја разрешија пред зори

Редакција