еМагазин
Image default
Македонија

Предложениот закон за една изборна единица сè уште се наоѓа во фиоката на Џафери, вели Милошоски

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средби со тројца пратеници, претседатели на политичките партии – ДОМ, Демократската партија на Турците – ТДП и Српската странка во Македонија, на која стана збор за изборниот модел, при што беше утврдено дека партијата има две заеднички гледишта со овие политички субјекти.

Ова денеска го соопшти пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој посочи дека предложениот Закон за една изборна единица сè уште се наоѓа, како што рече, „во фиоката на спикерот Талат Џафери“, и смета дека е добро тој да влезе во процедура и да дојде на комисиска расправа за да може секој да го искаже своето мислење.

– ВМРО-ДПМНЕ како пратеничка група и како коалиција го поддржува изборниот модел една изборна единица којшто би требало во иднина да го усогласиме, согласно компаративното право, со изборниот праг којшто би се применувал и затоа ги цениме овие средби за продуктивни, корисни и се надеваме дека во најскоро време овој Предлог на закон ќе се најде на комисиска расправа и за истиот ќе може да отвориме продуктивна дебата, изјави Милошоски пред новинарите во Собранието.

Одговарајќи на новинарско прашање, Милошоски посочи дека од СДСМ изминатите пет години слушале дека подржува една изборна единица и тоа го сметаат за „апсолвирано“.

– Но, она што би сакале е СДСМ да даде поддршка овој предложен закон од нивните коалициони партнери што побрзо да дојде на комисиска расправа за да може сите да се изјасниме и да го подобриме текстот, посочи тој.

МИА/Фото: Фејсбук/Милошоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВО ЖИВО) Прес-конференција на премиерот Зоран Заев по скандалот со руските комичари

Редакција

Османи на шведската колешка Линде и врачи постхумно признание за Ана Линд, по повод триесетгодишната независнот

Редакција

Листата на советници на премиерот Зоран Заев се зголемува на 40 лица

Редакција