еМагазин
Image default
Македонија

Преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 15 пациенти, информираат од Министерството за здравство. Вкупно се хоспитализирани 152 пациенти. На кислородна поддршка се 110 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 позитивни мајки, 6 деца и 4 мајки суспектни на Ковид-19.

Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип се 48 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 320 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аеродром „ита“ накај 800 активни случаи на Ковид-19: Детален преглед по скопските општини

Починаа уште 14 пациенти од Ковид-19, најмладиот има 35 години

Нови 862 случаи на Ковид-19, во Скопје 390

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Злате Лозановски на местото на Бранко Геровски во „Слободен печат„

Редакција

Во Дебар пет новозаразени со Ковид-19, тројца оздравени

Редакција

Започна Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД

Редакција