еМагазин
Image default
Локално

Прекината свадба во Тетово, приведен сопственикот на угостителскиот објект

На 04.03.2021 во 16.10 часот, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во Тетово, сопственост на К.К(35) од Тетово.

При контролата било констатирано дека објектот не ги почитува здравствените прописи за време на епидемија, односно во моментот имало организирана свадбена веселба со околу 110 гости.

Свадбата била прекината, а објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Сопственикот К.К. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дваесет и едногодишно момче од прилепско село извршило обљуба врз малолетничка

Редакција

Утре масовна солидарна акција за расчистување на опожарениот „Глобал“

Редакција

(ВИДЕО) Три лица завршија во полиција откако за „Тик-Ток“ се снимаа на гробишта

Редакција