еМагазин
Image default
Локално

Прекината традицијата на искачување на Исарот: Вкупната бројка на заболени од корона вирусот во Штип изнесува седум

Три нови слуачи на заболени од корона вирусот во Штип. Станува збор за две возрасни лица и едно дете, со што бројката на заболени од Ковид 19 во Штип се искачи на вкупно седум лица.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, кој го раководи кризниот штаб, вели дека од утринава се прави дезинфекција на сите детски игралишта, низ населбите и пред здравствените ординации, каде што има поголема фреквенција на луѓе.

-Од страна на Центарот за јавно здравје побарано е да се постави пункт, каде што граѓаните ќе можат да оставаат брисеви за тестирање. Планирано е пунктот да се постави на задниот влез на Здравствениот дом „Панче Караѓозов“- Штип, вели Бочварски.

Тој истакна дека во текот на утрешниот ден кризниот штаб ќе има состанок, на кој ќе се донесат и дополнителни мерки за заштита на населението.

Инаку денеска штипјани го слават празникот Чет’ рсе, но оваа година по своите домови. Граѓаните не се искачуваат на тврдината Исар и не го прават вековниот обичај со собирање на 40 камчиња, поздравување со 40 лица, подготовка на 40 пишии. Од раните утрински часови на сите влезови и излезе од тврдината Исар има полициски пунктови и обезбедување.

МИА/Фото: Општина Штип

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седете дома за да им олесниме: 23.000 здравствени работници се грижат за два милиони народ

Прв смртен случај од корона вирусот во Македонија: Жената два пати била тестирана, тестовите биле негативни

Таткото на четиригодишното девојче од Штип кое е заразено со коронавирусот: Моето дете не е дојдено од Англија со симптоми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството побара притвор за велешанецот кој усмрти 11-годишно девојче

Редакција

Украдени „БМВ“, „Ауди“ и „Мерцедес“ од автоплац во Скопје

Редакција

Почина 25-годишно момче откако со „мерцедес“ излетало на автопатот Куманово-Скопје

Редакција