еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Премиера на краткиот филм „Метаксомиа“

Премиерата на краткиот филм „Метакосмиа“, во сценарио и режија на Мартин Давитковски, ќе биде прикажан утре вечер во 19.30 часот во Театар Куманово.

Главни улоги во филмот ги толкуваат Мирослав Петковиќ и Сања Русеска, со неколку споредни ликови и повеќе статисти.

Снимател и директор на фотографија е Марко Димитриевски, со Дејан Ангеловски како асистент на фотографија и Глигор Максимовски како светло-мајстор. Монтажата е на Виктор Пешевски, а музиката е на „Egnatia“.

Филмот е во продукција на фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово.

Влезот на премиерата во петок вечер, во 19:30 часот,  во кумановскиот театар ќе е слободен за сите посетители.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заедно ја славиме победата на Вардар – шампионски бонус и подарок дрес

Редакција

Рудникот САСА ги зголеми платите и надоместоците за работна успешност на вработените

Редакција

Нов шопинг центар: Што нуди новиот „Поинт ретаил парк“ кој е прв во регионот

Редакција